Били Ајлиш се извини за анти-азискиот расизам
Познатата американска пејачка Били Ајлиш испрати јавно извинување до јавноста, по скандалозното видео во кое пејачката беше обвинета за разисам, каде што кажува „анти-азиски“ збор.
Пејачката, во извинувањето кое го објави на своето „стори“ на Инстаграм, рече дека била „шокирана и засрамена“ од клипот.
– „Без разлика на мојата игнорантност на времето, ништо не може да го оправдa фактот дека тоа беше навредливо. И за тоа се извинувам!“ – напишала таа на Инстаграм.
Извинувањето доаѓа паралелно со указот на претседателот Џо Бајден, кој потпиша закон со кој ќе се гони било каков говор на омраза против азиската заедница во САД. Ваквиот говор на омраза почна да се засилува со појавата на короната и случувањата во Вухан, додека Трамп уште беше претседател.