Бојана Барјактаревиќ го победила ракот, а сега победи и во „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)
46-годишната Бојана Барјактаревиќ е вистински доказ дека никогаш не е доцна. Таа, вчеравечер, победи во финалето на истоименото музичко шоу, маѓепсувајќи ја публиката и жирито, со победа во сите три натпреварувачки категории.
Црвенокосата натпреварувачка освои најмногу СМС гласови од публиката, а набрзо триумфираше и во гласањето на Фејсбук, а потоа ја освои наградата и од жирито.
Таа во една пригода изјавила:
– „Јас со музиката се занимавам 29 години, не ја запоставив. Го запоставив медиумското експонирање и појавување. Јас се повлеков за да се рехабилитирам и така останав 17 години надвор од естрадата“.
Имено, малкумина знаат дека зад талентот на 46-годишната победничка се крие борбата со рак на левата дојка, кој подоцна метастазирал.
– „Ми извадија 24 жлезди. Имав 16 третпани со хемотерапија, а по првата останав без коса. Она што е добро е што сега имам нова коса и тоа 40% повеќе од порано. Најважно е да се биде упорен и позитивен, нема ментален пад, тоа е најголемиот непријател“ – раскажа Бојана порано за својата болест.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.