Шоубиз
„Боже спаси ме“: Тревис Баркер, сопругот на Кортни Кардашијан итно хоспитализиран
Тревис Баркер бил итно пренесен во болница во вторникот попладне.
Тапанарот (46) е фотографиран како лежи на носилки пред медицинскиот центар Cedars-Sinai во Лос Анџелес, додека неговата сопруга Кортни Кардашијан (43) е со него.
Музичарот е виден додека го изнесуваат од возилото на брзата помош во болнички кревет. Кортни која е облечена во црна тренерка и дуксер со качулка се гледа само одзади.
Непосредно пред да биде однесен во болница, Тревис се огласил на Твитер и напишал страшна порака. „Боже, спаси ме“, напиша тој на Твитер.
God save me
— Travis Barker (@travisbarker) June 28, 2022
Набрзо откако американските медиуми ја пренесоа загрижувачката вест, 16-годишната ќерка на Баркер, Алабама, објави на својот Инстаграм: „Ве молам, молете се“.
Алабама, исто така, споделила објава на нејзиниот профил на TikTok која сепак набрзо ја избришала, на која се гледа како Тревис лежи на болнички кревет со мобилен телефон во едната рака додека таа го држи за другата рака.
Синот на Тревис, Лендон Баркер, од друга страна, му се придружи на сцената на пријателот на својот татко, музичарот Машин Ган Кели во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, само неколку часа откако неговиот татко беше итно пренесен во болница во Лос Анџелес.
Лендон (18) и Машин (32) заедно го изведоа својот заеднички хит „Die In California“, кој се наоѓа на албумот на рокерот „Mainstream Sellout“.
MGK brings out Travis’ son Landon to perform their collab “Die In California” during sold-out MSG show pic.twitter.com/dtDd12JRvC
— Lyndsey Havens (@LyndseyAlana) June 29, 2022
Според Daily Mail, сопругот на Кортни прво бил однесен во една болница, но бидејќи најверојатно ситуацијата му се влошила, бил преместен во подобро опремена болница во Лос Анџелес.
Ова се навистина тешки први неколку недели брак за вљубената двојка, бидејќи Кортни неодамна целосно закрепна од повторна инфекција со корона вирусот.
За потсетување, пред нешто повеќе од еден месец, тие двајцата кажаа „да“ на нивната трета и најраскошна свадбена церемонија во Портофино, Италија.