Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бред и Анџелина во нова правна битка за имот вреден 164 милиони долари

Шоубиз

Бред и Анџелина во нова правна битка за имот вреден 164 милиони долари

Бред и Анџелина во нова правна битка за имот вреден 164 милиони долари

Имотот Шато Миравал кој се простира на илјадници хектари во место на југот на Франција е во сопственост на холивудските ѕвезди Анџелина Џоли (46) и Бред Пит (57). Овој имот има посебно значење за поранешниот пар бидејќи таму ја одржаа тајната венчавка во 2014 година.

Според документите, Шато Миравал е во сопственост на Quimicum, компанија во која Анџелина претходно имала 40 проценти од акциите преку нејзината компанија, Новел. Бред првично поседувал 60 проценти од имотот преку неговата компанија, Мондо Бонго. Меѓутоа, пред нивното разделување во 2016 година, Пит префрлил 10 проценти од имотот од неговата компанија на компанијата на Анџелина што ги прави еднакви акционери денес.

Анџелина сега е обвинета дека се обидела да ја продаде својата половина без да го извести Бред.

Наводно, како дел од нивниот договор, имало ставка со која требало да се консултираат едни со други пред евентуалната продажба, која Анџелина не ја испочитувала.

Веќе со години трае и нивната правна битка околу старателството над нивните малолетни деца. Поранешниот пар има шест деца: Медокс, 19, Пакс, 17, Захара, 16, Шајло, 15 и 12-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.