Шоубиз
Бред Пит ја шокираше јавноста со својот изглед на премиерата на новиот филм
Холивудскиот актер продолжува да го промовира новиот проект „Bullet Train“. 58-годишниот актер одлета во Германија каде присуствуваше на премиерата и на црвениот тепих се појави во неочекувана комбинација.
Актерот се појави во Берлин на премиерата на филмот „Bullet Train“, а непотребно е да се каже дека сите погледи беа вперени кон него. Секако, кога се работи за Бред, таква ситуација се случува каде и да се појави, но овој пат за тоа придонесе и неговиот неочекуван моден избор.
Имено, Бред Пит на црвениот тепих се појави во здолниште. Актерот облече кафеаво здолниште до колена кое го искомбинира со сако од истиот материјал, розева кошула и високи чизми .
Инаку, Бред пред 18 години додека го промовираше филмот Троја (2004) изјави дека здолништата наскоро ќе станат дел од машката гардероба.
-Мажите ќе носат здолништа од следното лето. Тоа го тврдам и предвидувам. Во филмот се обидовме да покажеме сè реално, а во тоа време Грците секогаш носеа здолништа – изјави тогаш Бред за британски Вог.