Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли, тајно го продала својот удел во заедничката винарија
Анџелина Џоли (46) и Бред Бит (58) заедно го поседуваа францускиот имот „Chateau Miraval“ во кој се венчаа во 2014 година. Договорот меѓу поранешните сопружници бил никој да не го продаде својот дел без другата страна да се договори.
Парот минатата година имал имотни проблеми бидејќи Анџелина разговарала со потенцијални купувачи без да му даде право првенствено на Бред.
-Таа го продаде својот дел од имотот со знаење и намера дека новиот сопственик ќе се обиде да го контролира бизнисот на кој е посветен Пит и да ја поткопа неговата инвестиција во Миравал – се вели во судските документи.
Имотот од 1.000 хектари денес вреди повеќе од 160 милиони долари, од кои половина сега е во сопственост на рускиот бизнисмен Јури Шефлер.
„Замокот“ со 35 соби е опкружен со градини, фонтани, аквадукти, езерце, капела и лозје во кои Пит, како што вели, вложил многу пари. Кога го купиле имотот, поранешната двојка сакала таму да ги расте децата и да се занимава со производство на вино, но нивните планови не се оствариле.
Пит разви бизнис од повеќе милиони долари со текот на годините и е еден од најуспешните производители на розе вино во светот. Во тужбата, Пит наведува дека поради продажбата не може да го користи имотот како свој дом или да го надгледува бизнисот што самиот го создал. Поради бизнисот на Бред, имотот денес вреди многу повеќе, па тој исто така тврди дека таа сакала да заработи од продажбата.