Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бритни го опиша абортусот во своите мемоари: „Цело време плачев, имав ужасни болки“

Шоубиз

Бритни го опиша абортусот во своите мемоари: „Цело време плачев, имав ужасни болки“

Пејачката Бритни Спирс (41) ги објави своите мемоари наречени „Woman In Me“ („Жената во мене“). Освен што во нив откри како забременила и ја прекинала бременоста за време на врската со Џастин Тимберлејк (42), сега појаснила дека токму тој и предложил да пие таблети за да ја прекине бременоста.

Пејачката, која тогаш имала само 19 години, вели дека ги пиела таблетите за абортус што и ги дал Џастин. Таа во своите мемоари детално го опишала процесот и чувствата кои ја обземале. Потсетувајќи се на процедурата, Бритни ја опиша физичката болка како „неподнослива“, како што пренесе Дејли Мејл. Таа објасни како Џастин и предложил да ги пие апчињата.

– Можеби ќе те боли малку, но ќе бидеш добро – ѝ рекол тогаш пејачот, а таа добила грчеви во стомакот откако ги испила.

Бритни напишала како плачела откако решила да се подложи на процедурата дома во очајнички обид абортусот да остане во потполна тајна од јавноста и нејзиното семејство.

-Важно беше никој да не дознае за бременоста или абортусот, што значеше дека се мора да се изведе дома. Не престанав да плачам и липам додека не заврши процедурата. Траеше со часови, не се сеќавам како заврши, но 20 години подоцна се сеќавам на таа болка и страв – се присетува Бритни во книгата.

Пејачката откри дека се одлучила на ова бидејќи таткото на детето, ѕвездата на бој бендот ‘NSYNC, не бил подготвен за дете. Мислел дека на 19 години и двајцата се премногу млади. Тие двајца беа во медиумски експонирана врска од 1999 до 2002 година, а Бритни детално го опиша моментот кога останала бремена кон крајот на 2000 година.

– Беше изненадување, но за мене не беше трагедија. Толку многу го сакав Џастин. Очекував дека еден ден ќе основаме семејство. Ова се случи многу порано отколку што мислев. Ми рече дека не сме спремни да имаме дете, дека сме премлади. Сигурна сум дека луѓето ќе ме мразат поради ова, но се согласив да не го родам детето. Не знам дали тоа беше правилната одлука… Да одлучував сама, никогаш немаше да го направам тоа– напишала пејачката и додала дека е воспитана „да не абортира“ од религиозни причини.

Пејачката подоцна доби два сина Шон Престон и Џејден во бракот со Кевин Федерлајн, додека Џастин и неговата сопруга, американската актерка Џесика Бил, исто така ги добија синовите Силас и Финес.

 

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.