Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бритни Спирс е бремена: Ќе стане мајка по трет пат

Шоубиз

Бритни Спирс е бремена: Ќе стане мајка по трет пат

Светската поп ѕвезда Бритни Спирс е бремена и чека дете со својот вереник Сем Ашгари.

-Загубив толку многу килограми за да одам на одмор на Мауи, за пак да се здебелам… Си мислев ‘Господе… Што му се случува на мојот стомак???’ Сопругот ми рече дека сум „бремена со храна“. Сепак, земав тест за бременост, па по 4 дена уште повеќе се здебелив. Бебето расте! Ако има две бебиња не знам што ќе правам – напишала 40-годишната пејачка, а следеa бројни честитки.

Како што рече во објавата на Инстаграм, таа нема да излегува бидејќи сака да ги избегне фоторепортерите кои би можеле да ја фотографираат. Таа се присети на минатите бремености и непријатни ситуации.

Пејачката и нејзиниот вереник ќе го добијат своето прво заедничко дете, а Бритни веќе има два сина, Шон Престон (16) и Џејдан Џејмс (15) кои ги доби во бракот со Кевин Федерлајн.

Да потсетиме, од ноември 2021 година, Бритни нема старатели, како што беше случај во претходните 14 години, а откако конечно се ослободи, пејачката посочи дека размислува да го прошири своето семејство.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.