Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бритни Спирс го помина Божиќ со својот 18-годишен син кого го немаше видено две години

Шоубиз

Бритни Спирс го помина Божиќ со својот 18-годишен син кого го немаше видено две години

Бритни Спирс го помина Божиќ со својот 18-годишен син Џејден Џејмс. Таа се пофали со нивните заеднички моменти на Инстаграм.

“Најдобриот Божиќ во мојот живот. Ги немам видено моите момчиња две години. Солзи радосници и буквално шок. Останав без зборови. Ти благодарам Исусе”, напишала Бритни во описот.

Покрај Џејден, од бракот со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, Бритни го има и синот Шон Престон (19).

Извор за магазинот PEOPLE изјавил дека Џејден, по една година живеење на Хаваи, се соединил со неговата мајка минатиот месец во Лос Анџелес, а парот се дружел во нејзиниот дом.

„Поминувањето време заедно ја направи среќна“, изјавил изворот за PEOPLE.

Врската помеѓу Бритни и нејзините синови, кои често ги опишуваше како нејзина најголема среќа и гордост, помина низ различни фази, но во последните години тие значително се оддалечија. Во 2007 година, на Федерлајн му беше доделено целосно старателство по јавното ментално нарушување на Бритни. Откако судот го одреди нејзиниот татко Џејми како старател на Бритни, беше постигнат договор за заедничко старателство.

Меѓутоа, во 2019 година судот повторно ја смени одлуката, па Федерлајн доби 70% старателство. Тогаш Џејден и Шон престанаа да спијат кај нивната мајка, а посетите под надзор станаа поретки додека не престанаа целосно. Дури и откако Бритни конечно беше ослободена од старателството на нејзиниот татко во 2021 година, ситуацијата со децата не се промени.

Нејзината слобода не го подобри нејзиниот однос со синовите. Тие не присуствуваа на нејзината свадба со Сем Асгари, а одењето на Хаваи, каде што се надеваа дека ќе живеат далеку од очите на јавноста, ја отежна комуникацијата уште повеќе. Во едно од ретките интервјуа Џејден изјавил дека се надева дека и покрај сите проблеми и предизвици ќе ја обнови врската со мајка си, иако е свесен дека „драмата што ја следи никогаш нема да заврши“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.