Цеца го избриша документарецот „Српска мајка“ од Јутјуб
Документарецот „Српска мајка“ кој беше емитуван на српската телевизија N1 ја разбранува српската јавност. Имено, документарецот го прикажува животниот пат на Светлана Ражнатовиќ Цеца од амбициозно 15-годишно дете од Житораѓе до „Мајка на нацијата“.
Сепак, три дена по емитувањето на филмот, каналот „Цеца мјузик“ го пријави видеото на ЈуТјуб за кршење на авторски права.
Пред воопшто да се емитува емисијата, адвокатот на Цеца побарал да не го емитуваат, велејќи дека во спротивно „Светлана Ражнатовиќ ќе биде принудена да поведе соодветни судски постапки за да го заштити нејзиниот лик и дело“.
-Ако има нешто вознемирувачко за неа, тоа сигурно нема никаква врска со авторското дело изработено од Сања Лончар, Славиша Лекиќ и мене. Бидејќи, кога реагирате пред да се измонтира и еден кадар од овој документарец, кога реагирате пред да се сними еден соговорник, кога реагирате пред да се напише дури и една буква од сценариото, тогаш е сосема јасно дека не ве вознемирува содржината на документарецот, туку исклучиво содржината на сопствената биографија – изјави авторката на документарниот филм, новинарката Јована Полиќ.