Цеца Ражнатовиќ стави крај на врската со Богдан
Една од најголемите музички ѕвезди на овие простори, Светлана Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ решија да стават точка на емотивната врска, по една година забавување.
Цеца и Богдан не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето што се случи, но единствено сакале да ги потврдат овие наводи: Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот, пренесуваат српските медиуми. .
Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен. Раскинувањето не било бурно, ниту пак трето лице било замешано, но двете страни сфатиле дека емоциите исчезнале.