Шоубиз
Ченинг Тејтум и Зои Кравиц се верија
Ченинг Тејтум (43) и девет години помладата актерка Зои Кравиц се вериле по две години врска, дознава магазинот „People“.
Веста за нивната свршувачка доаѓа два дена откако парот беше фотографиран како присуствува на забавата на Кендал Џенер по повод Ноќта на вештерките. Тејтум беше облечен како џиновско бебе, додека Кравиц облече бела ноќница и држеше лажен нож, навидум повикувајќи се на изгледот на Миа Фароу од филмот „Rosemary’s Baby“ .
Двојката беше снимена како ја напушта забавата, а актерката го покажа свршеничкиот прстен.
Инаку, Тејтум и Зои се запознале за време на кастингот за претстојниот американски трилер „Pussy Island“. Зои претходно зборуваше за нивната врска во интервју за GQ. “Ченинг е прекрасен човек. Тој многу ме засмева и двајцата ја сакаме уметноста, сакаме да истражуваме зошто го правиме тоа што го правиме. Сакаме да гледаме филмови, да диксутираме за нив…”, рече таа.
За потсетување, ова ќе биде втор брак и за двајцата. Кравиц претходно беше во брак со актерот Карл Глусман од 2019 до 2021 година.
Ченинг Тејтум претходно беше девет години во брак со актерката Џена Диван. Тие се запознале на снимањето на филмот „Step Up“ во 2006 година. Тие се венчаа во јули 2009 година, а четири години подоцна добија ќерка. Сепак, во 2018 година, парот објави дека се разделува, а разводот беше финализиран во ноември 2019 година.