ДАМИАНО ДАВИД: „Вљубен сум во мојот кармин“
Светот едноставно полуде по Дамиано Давид, фронтменот на групата „Манескин“ која победи на годинашното издание на Евровизија. Го гледавте на инстаграм и тик-ток, но популарниот пејач имаше свое гостување и во шоуто на Ники Туториалс.
Ники беше пресреќна да го шминка Дамиано, а другите членови од бендот ја имаа задачата да ја оценат шминката, која навистина им се допадна.
Дека Дамиано е навистина љубител на шминка говорат последните фотографии објавени на неговиот инстаграм – профил, каде пејачот објави неколку фотографии на кои е со професионална шминка на лицето, а на усните носи кармин.
Под објавата Дамиано напиша: „Вљубен сум во мојот кармин!“.
Неговите зборови и фотографиите станаа вистински хит и собраа скоро милион и пол „лајкови“.