Шоубиз
Дечкото на Тејлор Свифт ги налути фановите: Тревис пијан се појави на парадата во Канзас Сити
Тревис Келси, момчето на Тејлор Свифт, го привлече вниманието на јавноста и ги налути обожавателите откако беше снимен пијан на парадата во Канзас Сити додека ја прославува победата на Супербол со неговиот тим Канзас Сити Чифс.
Градот му приреди големо добредојде на тимот, а кога тие се качија на сцената, Келси го зеде микрофонот и се обиде да ја отпее песната „Friends in Low Places“ од кантри уметникот Гарт Брукс. Спортистот се мачеше да изговара зборови и цело време се нишаше, па членовите на неговиот тим мораа да го држат.