Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дејвид Бекам го слави својот 49 роденден, Викторија му порача: „Не си далеку зад мене“

Шоубиз

Дејвид Бекам го слави својот 49 роденден, Викторија му порача: „Не си далеку зад мене“

Дејвид Бекам денеска го прославува својот 49-ти роденден.

Неговата сопруга Викторија му посвети објава на Инстаграм.

“Среќен роденден Дејвид. Мило ми е што старееме заедно. Не си далеку зад мене! Ти си ни сè. Најдобриот татко и сопруг, сите те сакаме многу”, напиша таа.

Двојката се запознала во 1996 година, а една година подоцна почнале да се забавуваат. Тие се венчаа во 1999 година, а за 24 години брак добија четири деца: Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.

Викторија и Дејвид се еден од најпознатите парови во светот. Дејвид има импресивна фудбалска кариера позади себе и со години беше прогласуван за најзгоден маж на светот, а Викторија покрај музичката кариера, стана и најпознатата жена на фудбалер на светот. Таа неодамна го прослави својот 50-ти роденден, а Дејвид и приреди специјални изненадувања.

Тој потрошил преку 300.000 долари, го ангажирал нејзиниот омилен готвач и го обезбедил нејзиниот омилен шампањ, кој чини повеќе од 3.500 долари по шише. Посебно изненадување биле членовите на некогаш многу популарната женска група „Spice Girls“, чиј дел беше и Викторија, кои заедно ја изведоа својата песна „Stop“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.