Шоубиз
Диди во центарот на контроверзија: Нов документарец открива шокантни обвинувања за познатиот рапер!
Во новиот документарец „Пропаста на Диди“, продуцентите на серијата „Тишината на сетот: Мрачната страна на ТВ Кидс“, во соработка со „Ролинг Стоун“, откриваат шокантни обвинувања кон американскиот рапер Диди. Преку повеќе од 30 интервјуа со тужители, поранешни вработени, пријатели и други сведоци, документарецот го истражува темното лице на хип-хоп магнатот.
Серијата од четири дела ќе биде премиерно прикажана на „Дискавери инвестигејшн“ и „Макс“ на 27 и 28 јануари.