Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Додека Душко прославуваше роденден, Карлеуша и ќерките ја напуштија државата

Шоубиз

Додека Душко прославуваше роденден, Карлеуша и ќерките ја напуштија државата

Додека Душко прославуваше роденден, Карлеуша и ќерките ја напуштија државата

Поради неодамнешниот скандал во семејството на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша српските медиуми будно го следат секој чекор на парот. Медиумите забележале дека контроверзната пејачка Јелена (43) отпатувала во Дубаи на денот на прославата на роденденот на нејзиниот сопруг Душко Тошиќ (37).

И додека фудбалерот на социјалните мрежи споделуваше разни честитки кои му ги испраќаа пријателите и колегите, Јелена споделуваше фотографии и видеа од луксузниот хотел во кој престојува со своите соработници и ќерките Ника и Атина.

Имено, Јелена Карлеуша отпатувала во Дубаи за да настапи во еден од елитните клубови каде настапувале светски познати музичари.

За потсетување, Карлеуша на Божиќ го обвини сопругот Душко за семејно насилство. Фудбалерот наводно и удрил шлаканица на пејачката и ја плукнал за време на расправијата. Во нивниот конфликт набрзо интервенирала и полицијата, а Јелена подоцна одбила да поднесе кривична пријава против сопругот.

Иако јавноста смета дека новиот скандал значи и крај на долгогодишниот брак на славната двојка, сепак, извор близок до семејството за српските медиуми потврдил дека  до развод нема да дојде.

– Точно е дека не се зборува за развод. Ако нешто се случило на тој спорен ден, двајцата се доволно зрели сами да ги решат проблемите што ги имаат. Најважно им е ќерките да се добро, а и Атина и Ника се поврзани и со мајка им и со татко им – изјавил извор за српски медиум.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.