Шоубиз
Документарецот за музичката дива ги трогна критичарите: Селин Дион им пркоси на здравствените предизвици во новиот документарен филм
Излезе документарниот филм „I am: Celine Dion“ за светската дива Селин Дион. Го прикажува нејзиниот живот, нејзините достигнувања во кариерата и нејзината борба со синдромот на вкочанета личност. Режисер е Ајрин Тејлор.
Потресниот документарец доби пофалби од критичарите. Има 100% на Rotten Tomatoes и 8.1/10 на IMDb. Трогателната исповед на пејачката се снимаше повеќе од една година. Филмот ја следи Селин додека се обидува да продолжи со нормален живот и кариера среде нејзината дијагноза.
Синопсисот на филмот гласи: „Од посета на нејзиниот гардеробер и лични работи до поминување време во студио, документарецот го доловува досега невидениот приватен живот на глобалната мегаѕвезда. Емотивно, енергично и поетско љубовно писмо до музиката“.
Во една од застрашувачките сцени на документарецот, Селин се бори со десетминутниот напад додека медицинските професионалци очајнички се обидуваат да ги ублажат нејзините болни мускулни грчеви. Во текот на овие моменти, пејачката се соочува со нејзината немоќ и губење на контролата над своето тело, давајќи им на гледачите интимен поглед на нејзината секојдневна борба.
На Дион ѝ беше дијагностициран СПС во 2022 година, што ѝ го промени животот и кариерата. На едно видео објавено на платформата Amazon Prime, пејачката може да се види како се грчи за време на разговор со лекарите, додека тие се обидуваат да ја смират и да ја стават во удобна положба. Овие сцени јасно ги покажуваат последиците од оваа ретка состојба, бидејќи Дион храбро се соочува со предизвиците што ги поставува страшната болест.
Критичарот на списанието „Тime“ Рич Јузвијак ја пофали Дион за нејзината отвореност, особено за сцената каде што се бори да пее „I Want To Know What Love Is“. „Никој не сака да зборува за тоа што значи кога ќе поминат вашите најдобри години, но болеста ја натера Дион да размислува за тоа“, вели тој.
Критичарот на „Њујорк Тајмс“, Крис Азопарди ја пофали пејачката што дозволила да се прикажат „необработени снимки“ во филмот. Критичарот на „IndieWire“, Рајан Латанцио, документарецот го нарече „извонреден и интимен“.
Критичарката на „Collider“ Изабела Соарес напиша: „Секогаш кога ќе се појави старо видео на кое таа без напор ги погодува вистинските ноти на песните како „It’s All Coming Back to Me Now“, обично е проследено со снимки од сегашноста, кога таа се бори да го добие својот глас. Тоа е болно и неправедно да се види, особено за некој кој отсекогаш бил многу професионален во својата професија“.
„I am: Celine Dion“ е достапен на Prime Video.