Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дуа Липа со скандалозна слика од Голема Албанија ја бранува јавноста (ФОТО)

Шоубиз

Дуа Липа со скандалозна слика од Голема Албанија ја бранува јавноста (ФОТО)

Дуа Липа, која потекнува од Косово и Метохија, во изминатите неколку денови ја бранува светската јавност со своите политички и националистички објави на нејзиниот инстаграм профил.

На социјалните мрежи Дуа Липа објави фотографија од знаме на кое е прикажана мапа на таканаречната Голема Албанија во која е опфатена и територија на Македонија, а во описот напиша: „Автохтон – придавка (жител на некое место), староседелци, а не потомци на мигранти или колонисти“.

Пејачката е родена во Лондон, секако нема намера да се врати да живее во Приштина каде што е „автохтона“, па од Велика Британија одлучи да промовира контроверзни и националистички мапи со кои шири омраза меѓу народите на Балканот, наместо да го искористи своето влијание за да му помогне на регионот конечно да тргне напред.

Со тоа продолжи и сега, па на својот профил на Инстаграм, поточно на „стори“ објави фотографија на која пушува: „Зошто Косово не е и нема да биде Србија“.

Ова го забележала и познатата српска пејачка Јелена Карелуша, која и одговорила на Дуа Липа.

– Драга Луа Липа, те сакаме тука во Србија. Екстремизмот на било кој начин не е одговор (знаеш дека косовскиот лидер во Хаг се соочува со обвининие за воени злосторства и слично. Можеш да најдеш лоши луѓе на двете страни). Те молам користи ги твоите социјални мрежи да шириш љубов, мир и музика (и врати се на Косово да бидеш со својот народ). Испраќам многу љубов на сите добри луѓе, ширум светот – напишала Ј.К. и објави што ставила Дуа Липа на Инстаграм.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.