Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дури и на тоа е спремна?: Ким Кардашијан откри што се би направила за младешки изглед

Шоубиз

Дури и на тоа е спремна?: Ким Кардашијан откри што се би направила за младешки изглед

По повод лансирањето на новата козметичка линија, Ким Кардашијан откри што се би направила за младешки изглед, а корисниците на социјалните мрежи не се воодушевени од нејзината изјава.

Знаеме дека жените се подготвени на се и сешто заради убавината и младешкиот изглед, но се чини дека Ким Кардашијан ја „преминала границата“.

Сепак, Ким Кардашијан со својата нова изјава покажа до каде е подготвена да оди за да ги запре своите години. Имено, сакајќи да испадне духовита, Ким во интервју за Њујорк Тајмс признала дека би можела да јаде измет доколку тоа ја одржува млада. Не требаше многу време за да започнат прозивките на социјалните мрежи на сметка на лудата изјава на Ким Кардашијан.

-Ќе пробам сè. Да ми кажеш дека буквално морам да јадам измет секој ден и дека поради тоа ќе изгледам помладо, можеби и би го направила тоа – се пошегува Ким. Сепак, иако сакаше тоа да го прикаже како шега, светот не ја прифати на тој начин.

„Зошто се чувствувам како веќе да го направи тоа?“, „Ова е вознемирувачки“, „Ким, те сакаме, но зошто кажуваш такви работи?“, „Таа со своите изјави го уништува менталното здравје на младите девојки“ – се само дел од коментарите.

Ким рекла и дека голем број луѓе се однесуваат како да не им е грижа за својот изглед, а за Тајмс објаснила дека таа напорно работи на својот изглед.

-Не се однесувам како да ми е лесно или како да е сето тоа природно. Не можам да не користам ништо, користам третмани за лице, третмани со матични клетки, ласери, сето тоа е работа – објасни Ким Кардашијан.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.