Душко Тошиќ: „Секаде сум претставен како насилник“
Сопругот на Јелена Карлеуша (43), фудбалерот Душко Тошиќ (36), реши да се огласи на социјалните мрежи за неодамнешниот инцидент.
Имено, фудбалерот за прв пат се огласи на Инстаграм откако неговата сопруга, српската пејачка Јелена Карлеуша, го пријавила во полиција за насилство, бидејќи тој наводно и удрил шлаканица за време на божиќниот ручек.
-Почитувани пријатели, следбеници и припадници на медиумите, обично не сакам да се обраќам на овој начин бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се врзуваат исклучиво за спорт и хумани дела. Проследив што објавуваат медиумите деновиве, па затоа бев приморан да се обратам на овој начин.
-Како што веќе знаете и можете да забележите јас сум секаде претставен како насилник и во секој наслов јас сум лошата страна. Јас прв не поддржувам никакво насилство и никогаш со тоа не сум се служел. Затоа во ваквите наслови воопшто не се пронаоѓам. Оние кои ме познаваат, знаат дека секогаш сум бил господин човек, каде и да сум бил и што и да сум правел. Затоа и овој пат ќе ги игнорирам сите натписи и ќе оставам ветарот против мене да помине – напиша Душко.
На Тошиќ во петокот полицијата му изрече забрана за приближување од 48 часа, а Првиот основен суд во Белград ја продолжи итната мерка за забрана на фудбалерот Душко Тошиќ да се приближува и да комуницира со сопругата, пејачката Јелена Карлеуша, за уште 30 дена.