Џеј Ло го прослави 52. роденден со Бен Афлек и објави заедничка фотографија
Познатата глумица и пејачка Џенифер Лопез го прослави својот 52. роденден и се одлучи на тој ден со сите да ја сподели првата заедничка слика со Бен Афлек и како уживаат во обновената романса.
Глумецот Бен Афлек (48) и Џеј Ло пред неколку месеци ја обновија романсата, но до сега не објавуваа заеднички фотографии и избегнуваа да зборуваат јавно за својата врска.
Џеј Ло на фотографиите позира во костим за капење, а на една од нив е заедно со Бен Афлек со кого ја обнови врската по разделбата со вереникот Алекс Родригез.
Двајцата позирале во страсна прегратка и бакнеж, а објавата за неколку часа собра неколку милиони лајкови и безброј коментари.
Инаку парот периодов ужива на јахта на Сен Тропе по повод 52-от роденден на Џеј Ло.