Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џеј Ло и Бен Афлек планираат раскошна свадбена прослава овој викенд

Шоубиз

Џеј Ло и Бен Афлек планираат раскошна свадбена прослава овој викенд

По интимната и скромна венчавка во Лас Вегас, Џенифер Лопез (53) и Бен Афлек (50) викендов ќе приредат гала прослава за своите пријатели и семејството.

Станува збор за раскошна, тридневна прослава која започнува во петок со пробна вечера, пишуваат американските медиуми.

Свадбената церемонија е закажана за во сабота, а тридневната прослава ќе заврши со скара и пикник во недела.

Оваа втора венчавка ќе се одржи на имотот на Афлек во Рајсборо, Џорџија. Се очекува Џеј Ло да носи уникатен фустан со потпис на „Ralph Lauren“, кој по нејзини мерки е направен во Италија. Магазинот „Vogue“ ќе ги следи и документира нејзините модни комбинации за тридневната венчавка.

Лопез го ангажираше еден од најбараните планери за луксузни настани, Колин Кауви, да ја организира раскошната прослава. Своите услуги ги наплаќа од 25.000 до 25 милиони долари, а досега има работено за Опра Винфри, Мајкл Џордан, но и претходно за Џеј Ло.

Засега е познато дека на венчавката ќе присуствуваат неговиот брат Кејси Афлек, пријателот од детството Мет Дејмон, Џими Кимел и Дреа де Матео.

Да потсетиме, Лопез и Афлек за прв пат се венчаа на 17 јули во Лас Вегас, а Џенифер потоа го промени презимето во Афлек, но изјави дека ќе продолжи да го користи своето старо презиме во јавноста.

– Успеавме. Љубовта е убава. И испадна дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпелива. Минатата вечер полетавме за Вегас, застанавме во ред за дозвола со уште четири други парови, сите на ист пат до главниот град на венчавките – напишала Џеј Ло на својот блог по венчавката.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.