Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џеј Ло се прошета со етикета на ревијата на „Долче и Габана“ во Венеција

Шоубиз

Џеј Ло се прошета со етикета на ревијата на „Долче и Габана“ во Венеција

Латино дивата Џенифер Лопез ноншалантно се прошетала низ Венеција, и додека внимавала како чекори во високите потпетици, не сфатила дека не себе има и етикета.

Таа на себе имаше свилени пантолони во цветен дезен, градник во цветен дезен и наметка, а целиот изглед беше комплетиран со цветна тијара.

И додека на друштвените мрежи фановите се препирале околу тоа дали на себе има премногу цветни детали, оние со остар вид не можеле да не ја забележат етикетата на нејзината наметка.

Исто така, постојат и оние кои веруваат дека Џеј Ло намерно ја оставила етикетата за да се зборува и пишува за тоа, и така би се истакнала во прв план на еден огромен настан каде што присуствуваат безброј познати личности. А постои и верување дека етикетата не се вади намерно за подоцна облеката да може да се продаде по неколку пати повисока цена бидејќи ја носела славна личност.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.