Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џеј Ло за „People“ проговори за љубовта со Бен Афлек

Шоубиз

Џеј Ло за „People“ проговори за љубовта со Бен Афлек

Џеј Ло за „People“ проговори за љубовта со Бен Афлек

Џенифер Лопез (52) првпат јавно проговори за врската со познатиот актер Бен Афлек (49), која ја обнови минатата пролет.

Иако папараците секојдневно го фотографираат овој пар на заеднички излегувања, а имаа и заеднички појавувања на неколку настани , Џеј Ло ниту еднаш на ваков начин не проговорила за својот партнер.

– Никогаш не сум бил подобро. Мислам дека сите сме во многу убав момент – започна актерката и пејачка за People.

Нивната врска го полуде светот на почетокот на 2000-тите, се гледаа од 2002 до 2004 година, но после тоа ја раскинаа свршувачката. Сепак, тие „повторно“ се обединија минатата година, што на многумина им ја врати вербата во среќен крај.

– Се чувствувам толку среќно, весело и горда што сум со него. Тоа е прекрасна љубовна приказна и добивме втора шанса – изјави Џеј Ло.

Сепак, нивното обединување не беше како од бајките. Лопез призна дека и двајцата се плашеле да ја обноват врската поради неславниот крај што го имале минатиот пат. Рекла дека тогаш биле наивни и дозволиле другите да влијаат на нив, но дека овојпат се е многу поинаку.

-Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, сме на други позиции во животот, сега имаме деца, многу сме свесни за тие работи. Исто така сме многу заштитнички настроени, затоа што ова е прекрасно време за сите нас – рече таа.

Со годините доаѓа и мудроста, смета Лопез и нагласува дека овојпат парот е позаштитнички настроен на својата врска и приватност, со оглед на тоа што претходно сè што правеа излегуваше на насловната страница на таблоидите.

– Убав е начинот на кој работите се поинакви сега, ние се чувствуваме поинаку од пред многу години. Има повеќе почит, што е убаво. Кога ќе најдеш некого и навистина го сакаш, но навистина го сакаш, и добиваш втора шанса? Навистина е ретко, скапоцено, прекрасно и не го земате здраво за готово.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.