Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џеј Зи за прв пат во јавност по обвинението за силување на 13-годишно девојче: Раперот гордо позираше покрај сопругата и ќерката

Шоубиз

Џеј Зи за прв пат во јавност по обвинението за силување на 13-годишно девојче: Раперот гордо позираше покрај сопругата и ќерката

Раперот Џеј Зи за прв пат се појави во јавноста откако беше обвинет за силување на 13-годишно девојче. Тој со сопругата Бијонсе, нивната ќерка Блу Ајви Картер и мајката на познатата пејачка Тина Ноулс пристигна на премиерата на филмот „Mufasa: The Lion King“.

Џеј Зи и покрај обвинувањата им позираше на фотографите со насмевка, а истото го направи и неговото семејство. Сите дојдоа на премиерата во елегантни комбинации. Раперот носеше класичен кафеав костум додека пејачката носеше необичен златен фустан со длабоко деколте. Во златен фустан блесна и нивната ќерка.

Бијонсе и Блу Ајви ги позајмија своите гласови во овој филм, при што пејачката ја повтори нејзината улога од верзијата на „The Lion King“ од 2019 година како Нала, а нејзината 12-годишна ќерка од реалниот живот го имаше своето филмско деби во улогата на ќерката на Нала, Киара.

Блу Ајви во еден момент им позираше сама на фотографите, а Џеј Зи и Бијонсе не можеа да сокријат колку се горди на неа.

Инаку, многумина коментираат дека гордото појавување на пејачката покрај нејзиниот сопруг јасно покажало дека таа е со него и покрај страшните обвинувања. Според изворите, се шпекулираше дека славната двојка нема да присуствува на премиерата, но тие се предомислиле откако јавноста стана запознаена со неговата тужба. Во тужбата, раперот беше обвинет дека силувал малолетна девојка во 2000 година на забава по доделувањето на видео музичките награди на MTV. Заедно со него, обвинет е и озлогласениот Паф Диди, кој моментално е во притвор за рекетирање, трговија со луѓе и злосторства поврзани со проституција.

Во тужбата жртвата изјавила дека се се случило во вила по доделувањето на наградите. На забавата испила некаков пијалок, по што не се чувствувала добро. Таа отишла во една од спалните соби, а потоа влегле и Диди и Џеј Зи кои ја силувале. Во собата била присутна и уште женска позната личност. Тужбата во име на непознатата жена ја поднесе адвокатот Тони Базби, кој застапува бројни наводни жртви на Деди.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.