Шоубиз
Џејда Пинкет Смит конечно се огласи за оскаровската шлаканица
Американската актерка и водителка на ток-шоу Џејда Пинкет Смит за прв пат отворено проговори во своето шоу „Red Table Talk“ за моментот кој го одбележа овогодинешното доделување на Оскарите, кога нејзиниот сопруг Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок.
Џејда реши да се позабави со моментот од овогодинешното доделување на Оскарите за кој веројатно најмногу се зборуваше, како дел од епизодата која се занимава со алопеција. Ако некој некако случајно го пропуштил, Вил Смит го удри Крис Рок на сцената за време на Оскарите затоа што се шегуваше на сметка на ќелавоста на Џејда Пинкет Смит, која ја избричи косата за сопствената борба против алопеција.
-Ова е навистина важен „Red Table Talk“ за алопеција. Имајќи го предвид сето она што го поминав со моето здравје и она што се случи на Оскарите, илјадници луѓе ми се обратија со своите приказни – изјави Џејда во воведот на нејзината емисија.
-Го користам овој момент за да му дадам шанса на нашето семејство со алопеција да разговара за тоа како е да се има оваа состојба и да ги информира луѓето што всушност е алопеција – додаде таа.
-Што се однесува до Оскаровата ноќ, најдлабоко се надевам дека овие двајца интелигентни, способни мажи ќе имаат можност да си ги залечат раните, да зборуваат за тоа и да се помират. Со оглед на моменталната состојба на светот, потребни ни се и двајцата. И сите ние всушност си требаме еден на друг повеќе од кога било. Дотогаш, Вил и јас продолжуваме да го правиме она што го правиме во последните 28 години – а тоа е да продолжиме да ја сфаќаме оваа работа која се нарекува заеднички живот. Ви благодарам што слушавте – заклучи таа.
Да потсетиме, Академијата го суспендираше Вил Смит од своето членство на 10 години поради насилничко однесување на Оскарите. Крис Рок, освен што накратко се пошегува на тоа на неговата актуелна стенд-ап турнеја, не се огласи јавно за инцидентот. Вил Смит, пак, поднесе оставка од Академијата уште пред да биде донесена одлуката за суспензија.
https://www.youtube.com/watch?v=3pLfXedhFCo