Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џенифер Анистон потполно гола во серијата „The Morning Show“

Шоубиз

Џенифер Анистон потполно гола во серијата „The Morning Show“

Џенифер Анистон со години мами воздишки поради нејзината витка и добро извежбана фигура, а сега целосно се соблече за сцена во серијата „The Morning Show“.

Во сцената, 54-годишната актерка лежи гола врз Џон Хам (52), кој во серијата го игра милијардерот Пол Маркс. Жешката сцена доаѓа откако Алекс Леви, ликот на Анистон, го интервјуира Маркс во неговата вила. Веднаш штом беше прикажана, сцената ги преплави социјалните мрежи. „Џенифер изгледа исто толку добро како во 2006 година кога првпат се соблече во The Break Up“, напишаа обожавателите.

Ѕвездата на „Пријатели“ неодамна позираше на насловната страница на магазинот CR Fashion Book, а во интервјуто откри дека тајната на нејзиниот изглед не е напорниот тренинг и часовите поминати во теретана.

– Пијам многу вода, се движам секој ден, се трудам да јадам здрава, свежа храна и се трудам да спијам што повеќе. Последниот дел е предизвик за мене, но е важен – рекла Џенифер.

Таа исто така додаде дека се труди да го избегне непотребниот стрес.

– Се трудам да бидам многу внимателна за што размислувам. Нашиот свет минува низ некои предизвици и знам дека сите се грижиме многу, но понекогаш мислам дека е важно да ги исклучам негативните мисли – изјавила Анистон.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.