Џенифер Анистон: Со Бред сме само пријатели!
Се ширеа гласини дека Џенифер Анистон и Бред Пит ја обновиле романсата по разводот во 2005 година.
После се, тие изгледаа како да флертуваат на наградите САГ во јануари 2020 година и потоа на читањето сцени за „Fast Times At Ridgemont High“.
Но, во интервју за SiriusXM show таа изјавила дека се само „пријатели“.
-Бред и јас сме „пријатели“.. и зборуваме – изјавила Џенифер.
-Беше многу забавно. Немаше ништо чудно, освен можеби за оние кои нè гледаа и очекуваа да биде чудно. Ни беше забавно, го направивме тоа со добра цел – вели Џенифер за читањето.
Џенифер исто така се наоѓа на насловната страница на последното издание на магазинот „People“ и во интервјуто зборува на разни теми.
– Сега сум на мирно место. Имам работа што ја сакам, имам луѓе кои ми значат многу и имам убави кучиња. Јас сум навистина среќна и благословена личност – одговорила Анистон на прашањето како го опишува нејзиниот живот денес.
Зборувала и за нејзиниот љубовен живот и дека е отворена за состанување и дека бракот не и приоритет туку да најде фантастичен партнер со кого ќе ужива.
Изјавила дека не е фан на апликациите за состанување и дека преферира некој да ја повика на состанок на старомоден начин.