Шоубиз
Џенифер Лопез и Бен Афлек ја прославија првата годишнина од бракот
Џенифер Лопез (54) и Бен Афлек (51) ја слават првата годишнина од бракот, а познатата пејачка и актерка на социјалните мрежи сподели слатка порака за својот сопруг.
„Пред една година на денешен ден… Драг Бен, седам овде сама и гледам во мојот прстен. Преплавенa со емоции, сакам да запеам. Како стигнавме до овде, без премотување назад. Ова е мојот живот … Џенифер“ – таа му ги посвети стиховите на својот партнер и се потсети на нивниот посебен ден.
Таа сподели фотографии од венчавката, како и една на која двајцата се бакнуваат додека голем огномет ја краси нивната позадина.
Инаку, познатиот пар беше верен пред речиси 20 години, но раскинаа пред свадбата.
Сепак, судбината повторно ги спои Џеј Ло и Бен и тие сега уживаат во брачниот живот, иако папараците одвреме-навреме ги фаќаат во наводни тензични моменти.
Изгледа дека на познатиот актер му пречат камерите и не е љубител на случувањата на црвениот тепих, додека на Џенифер не и пречат рефлекторите, па според американските медиуми, тоа е проблем за двојката.
Инаку, тие двапати чекореа до олтарот. Првиот пат беше на 17 јули минатата година во Лас Вегас, а Џеј Ло тогаш официјално го зеде презимето Афлек. Тие се венчаа по втор пат на денешен ден на имотот на Афлек, Рајсборо во Џорџија, САД.
– Успеавме. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. И се покажа дека љубовта е трпелива… Синоќа летавме за Вегас, застанавме во ред за дозвола со уште четири двојки, сите на ист пат до свадбената престолнина на светот – напишала Џенифер.