Шоубиз
Џенифер Лоренс проговори за голата сцена во новиот филм: „Ниту една секунда не се двоумев“
Џенифер Лоренс (33) неодамна ја изненади јавноста кога во една сцена од новиот филм „No Hard Feelings“ се појави целосно гола на плажа. Многумина се прашуваа дали за време на снимањето побарала помош од двојник, а актерката сега проговори за тоа.
Во филмот, Џенифер ја игра Меди Баркер, возачка на Uber и келнерка која одговара на оглас од семејството Бекер, односно богатите родители на Перси, чуден тинејџер без искуство со девојки и без социјален живот, за да може да му помогне во тие области пред да замине на колеџ.
Контроверзната сцена го прикажува ликот на Џенифер како е во океанот со Перси, пред да им ја украдат облеката од плажа, а голата Меди потоа трча по песокот за да ја врати назад, а на крајот е сцената каде целосно гола се тепа со групата луѓе кои сакаат да и ја украдат облеката, што ги насмеа нејзините фанови.
Таа објасни како сите ја прашувале дали е сигурна дека сака да го направи тоа и признала дека не се сомневала во снимањето на сцената.
„Сите ме прашуваа дали сум сигурна во тоа, а јас не се двоумев ниту една секунда. Беше урнебесно“, пишува Variety. Инаку, Лоренс изјави дека бил потребен еден ден и „многу проби“ за да се снима таа сцена.
Нејзиниот 21-годишен колега Ендрју Барт Фелдман, кој во улогата на тинејџерот Перси исто така учествува во голата сцена, призна дека исто така немал проблем со тоа: „Веднаш се зближивме толку многу што ништо не беше чудно или несигурно. Сè беше целосно професионално“.
Инаку, во еден момент од нејзината кариера, Лоренс беше најплатената актерка во светот, но во 2019 година таа целосно се повлече од сцената, за што тврдеше дека и е преку глава. Потоа стана мајка, а по раѓањето на синот глумеше во филмовите „Don’t look up“ и „Causeway“.
Таа во 2013 година освои Оскар за најдобра актерка за улогата во филмот „Silver Linings Playbook“.