Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џими Кимел добива помош од ѕвездите на „Барби“ на патот кон Оскарите во ново промо видео

Шоубиз

Џими Кимел добива помош од ѕвездите на „Барби“ на патот кон Оскарите во ново промо видео

Доделувањето на Оскарите оваа година ќе се оддржи на 10 март, а сега водителот Џими Кимел објави урнебесна видео најава која воодушеви многумина.

Кимел е изгубен во Барбиленд и се обидува да го најде патот до Оскарленд. Нему му помага „Чудната Барби“ (Кејт Мекинон), а во видеото се појавуваат и Америка Ферера и Рајан Гослинг, исто така актери од филмот Барби.

Комичарот ја презеде улогата на Барби во видеото и и се обрати на Кејт Мекинон за да му помогне да го најде патот до Оскарленд, исто како што и помогна на Барби (Маргот Роби) да го најде патот до реалниот свет.

За време на нивното патување, Џими и Кејт се сретнаа со бројни номинирани за Оскар, како Ема Стоун, Бредли Купер и Силијан Марфи. Видеото вклучува и референца за долгогодишната „кавга“ помеѓу Мет Дејмон и Џими Кимел.

https://www.youtube.com/watch?v=ZS15h2qeTms

Кога пристигна во Оскарленд, го пречека Америка Ферера, актерка номинирана за најдобра споредна женска улога за нејзината изведба во Барби. Таа одржа инспиративен монолог за тоа колку е тешко да се биде домаќин на Оскарите, исто како што одржа монолог во филмот за тоа колку е тешко да се биде жена.

Потоа се појавува Гослинг, кој вели дека сигурно нема да го добие Оскарот за најдобра споредна машка улога, туку дека барем Грета Гервинг ќе ја добие наградата за најдобра режија. Тогаш Рајан дознава дека всушност режисерката не била номинирана за Оскар и почнува да вреска.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.