Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џо Манганиело првпат прозборе за разводот со Софија Вергара: „Причината што таа ја наведе не е точна“

Шоубиз

Џо Манганиело првпат прозборе за разводот со Софија Вергара: „Причината што таа ја наведе не е точна“

Актерот Џо Манганиело (47) ја сподели својата страна од приказната за неговиот развод со актерката Софија Вергара (52). Актерот тврди дека причината за разводот што Софија и ја соопштила на јавноста „едноставно не е вистина“, пренесуваат американските медиуми.

Имено, на почетокот на оваа година актерката во интервју за шпански „Ел Паис“ откри: „Бракот ми се распадна бидејќи Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Чувствувам дека не би било фер кон бебето. Тоа веќе не беше за мене. Добив син кога имав 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка“, открила таа.

„Првата година и пол се обидовме да основаме семејство“, објасни Џо во интервју за Men’s Journal. „Веќе во првиот месец од нашата врска имавме голем разговор во кој и реков дека ќе разберам ако завршила со деца“, додаде тој. „И и ветив дека никогаш нема да заминам ако не успее. И не го сторив тоа“, тврди Џо.

Актерот тврди дека вистинската причина за разводот е всушност тоа што тие се оддалечиле еден од друг. „Таа ме прикажува како да имав некаква средовечна криза и по девет години се свртев и дадов ултиматум да направи нешто нездраво за своето тело“, рече тој.

Да потсетиме, парот се раздели минатата година. Повеќе извори велат дека двајцата воделе одвоени животи долго пред тоа.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.