Шоубиз
Џон Леџенд и Криси ја изненадија јавноста: Тајно добија четврто дете од сурогат-мајка
Пејачот Џон Леџенд (44) и поранешната манекенка Криси Тајген (37) повторно станаа родители откако добија син со помош на сурогат мајка. Оваа вест изненади многумина бидејќи парот пред неколку месеци го доби девојчето Ести.
– Од кога се сеќавам, отсекогаш сакав четири деца – ја започнала објавата Криси на својот Инстаграм профил.
Таа откри дека со Џон го започнале процесот со агенција за сурогат мајка уште во 2021 година, бидејќи Криси не верувала дека може да има повеќе деца. Тие беа особено потресени кога Криси го загуби своето дете во 2020 година.
– Планиравме да ангажираме две сурогат мајки во исто време и да добиеме на некој начин близнаци. Сепак, му реков на Џон дека би сакала повторно да се породам – напишала таа.
Бебето се родило на 19 јуни, а парот му го дал името Рен Александар Стивенс, во чест на сурогат-мајката, чие име е Александра.
Инаку, парот веќе ги има ќерката Луна (6), синот Мајлс (4) и малата Ести.