Џон Траволта и Деми Мур нов холивудски пар?!
Двајца актери кои се познаваат со години наводно се во врска, пишуваат американските медиуми. Се работи за Деми Мур (58) и Џон Траволта (67), а изворите тврдат дека ги споил Брус Вилис (66), поранешниот сопруг на Деми, со кој има три ќерки.
Странските медиуми пренесуваат дека актерите Џон Траволтa и Деми Мур во последно време поминуваат многу време заедно, а во прилог на гласините е и приказната на една келнерка од ресторан во Флорида каде што холивудските ѕвезди биле заедно на вечера.
– Седеа на масата во агол кој беше осветлен само со свеќи. Изгледаше многу романтично, цело време се смееја и се држеа за раце – откри келнерката.
Имено, Брус и Траволта се пријатели многу години и наводно Бурс му предложил да ја запознае Деми кога му признал дека е подготвен за нова љубов по смртта на неговата сопруга, актерката Кели Престон.