Џони Деп го посети Белград – Вучиќ му додели орден за заслуги
Џони Деп е во официјална посета на Србија, каде во Белград се сретнал со српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Ти благодарам драг Џони за се` што правиш за промоција на Србија“, напишал Вучиќ со фотографиите со славниот актер.
За време на посетата на Белград, Џони Деп, Андреа Иерволино, Моника Бакарди и Милош Биковиќ ќе го претстават својот најнов заеднички проект, кој е реализиран со поддршка на Министерството за култура и информации на Република Србија.
Ова е продолжение на долгогодишната соработка на Деп со филмската и телевизиската продукциска куќа Iervolino & Lady Bacardi Entertainment.