Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џони Деп на судење се појави со вратоврска која е подарок од Вучиќ

Шоубиз

Џони Деп на судење се појави со вратоврска која е подарок од Вучиќ

Судењето во кое Џони Деп и Амбер Херд, eден од друг, бараат отштета од повеќе милиони долари, го следи цела планета.

Актерот Џони Деп и неговата сопруга Амбер Херд веќе неколку недели се на суд каде меѓусебно се тужат, а сите забележаа дека тој на последното рочиште ја носел вратоврската што ја добил за време на престојот во Србија.

Имено, парчето што го имал е автентична вратоврска од понудата „Мозаик“, од колекцијата на Храмот Свети Сава, а цената на вратоврската е 10.000 динари.

 

Познато е дека Деп неколку пати бил во Србија, каде сака да доаѓа, како што неколку пати истакна.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во февруари годинава го одликуваше холивудскиот актер Џони Деп. Актерот дојде во Белград каде што добил златен медал за заслуги во културата и јавната дејност, како и за промоција на Србија во странство.

На истото рочиште, сведочеше манекенката Кејт Мос, поранешната девојка на Деп, која ги негираше гласините стари две децении, дека Џони ја турнал по скали.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.