Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џони Деп се појави на модната ревија на Ријана

Шоубиз

Џони Деп се појави на модната ревија на Ријана

Актерот Џони Деп (59) се појави на четвртата ревија на Ријана наречена „Savage X Fenty“, а некои од обожавателите на пејачката не беа среќни поради тоа.

Премиерата на шоуто беше во вторникот, а Деп се појави само една минута, носејќи темно зелени свилени пижами од брендот на пејачка и неколку ланчиња кои се негов заштитен знак. На видеото, Џони може да се види во темна шума како оди кон камерата додека во позадина танчери ја изведуваа својата точка. Можеше да се забележи и дека тој ја има својата препознатлива брада која неодамна ја избричи и на тој начин стана непрепознатлив за обожавателите.

Сепак, таа минута во која се појави беше доволна актерот, но и Ријана, да бидат мета на негативни коментари.

Ријана се соочи со бурни реакции поради изборот да го вклучи Деп во нејзината продукција по контроверзното судење во кое тој беше вклучен на почетокот на оваа година. Имено, на некои не им било јасно зошто Ријана во своето шоу вклучила актер кој, како што велат, по судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд (36) бил „прегрнат како херој од мизогинистите“.

Ревијата за долна облека „Savage X Fenty“ на Ријана беше премиерно прикажана на „Amazon Prime“. Покрај Деп и Ријана, меѓу останатите славни личности кои се појавуваат во шоуто се: Ирина Шајк, Кара Делевин, Џоан Смолс, Анита и Тараџи Хенсон.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.