Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ед Ширан и Адел ги одбија поканите за настап на концертот за крунисување на кралот Чарлс

Шоубиз

Ед Ширан и Адел ги одбија поканите за настап на концертот за крунисување на кралот Чарлс

Според информациите на BBC, Кети Пери, Лајонел Ричи и групата Take That ќе го предводат концертот по повод крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кој ќе се одржи на 7 мај како дел од прославата на крунисувањето.

Сепак, првичната желба на кралот Чарлс беше да настапат Ед Ширан и Адел, но тие одбија да учествуваат на настанот.

Концертот ќе се одржи во замокот Виндзор и ќе вклучува дует на меѓународната оперска ѕвезда Андреа Бочели со добитникот на Греми Брин Терфел, како и кантавторката Фреја Ридингс заедно со класичниот композитор и пијанист Алексис Френч.

Покрај познатите музичари, ќе настапи и групата The Coronation Choir, составена од хорови на заедницата и пејачи аматери од цела Велика Британија. Се очекува дека повеќе од 20.000 луѓе ќе го присуствуваат на настанот, а крунисувањето пред малите екрани ќе го следат неколку милиони луѓе.

Концертот ќе биде дел од тридневните прослави кои ќе се одржуваат низ целата земја, а ќе биде поканета и јавноста да учествува во нив. Палатата веќе ја објави и деталната програма за прославите, вклучувајќи ги процесите на крунисување и нови емотикони кои ќе може да се користат на социјалните мрежи за да се одбележи оваа историска пригода.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.