Шоубиз
Екипата на „Медена земја“ подготвена, се гледаме на црвениот тепих (ВИДЕО)
Македонскиот хит „Медена земја’“ вечерва претендира за две награди на доделувањето на Оскарите – најдобар документарец и најдобар странски филм.
Филмската екипа е во Лос Анџелес каде се подготвува за големата свеченост, а еден од кинематограферите – Самир Љума – објави кратко видео на Facebook во кое релаксирано си подготвува вечера и порача: „Припрема за Оскари. Ајде чао, се гледамо вечер на црвен тепих“, на неговиот тетовски дијалект.
На социјалните мрежи се појави и фотографија од екипата на филмот и ѕвездата која го шармираше Холивуд – Атиџе Муратова, подготвени да дефилираат на црвениот тепих на манифестацијата.