Шоубиз
Еве како Софија Вергара го прославува разводот, колешката ја бодри (ВИДЕО)
Актерката Софија Вергара и актерот Џо Манганело се разделија по седум години брак.
Двојката даде официјална изјава и побара приватност.
„Донесовме тешка одлука за разводот. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашите животи“, изјавиле тие за медиумите.
Сепак, видеото кое се појави на социјалните мрежи покажува дека оваа вест не и падна тешко на актерката.
Софија (51) танцуваше во бикини, а нејзината извајана позадина дојде до израз, со што на сопругот му покажа што изгубил.
Огнената Латина во едната рака држеше чаша и танцуваше на лежалка, а актерката уште еднаш покажа дека има тело вредно милион долари, но знае и да се забавува.
Во коментарите, актерката Џули Боуен, нејзината колешка од серијата „Modern Family“, ја бодреше со суптилно спомнување на неодамнешната разделба на Вергара.
„Вака изгледа сингл и ?!!!“