Фановите бесни на Лејди Гага: За кучињата нудеше половина милион, а затреланиот шетач сега моли за донации
Поранешниот шетач на кучиња на поп пејачката Лејди Гага пред неколку месеци беше застрелан при киднапирање на нејзините кучиња. Сега тој моли луѓе за пари за да има за живот.
Во февруари оваа година, за време на вечерната прошетка, француските булдози на Лејди Гага беа мета на киднапери. За време на грабнувањето нејзиниот шетач Рајан Фишер (40) бил затрелан неколку пати.
Кога пејачката дознала за грабнувањето понудила 500 илјади долари за нивно враќање. Кучињата по неколку дена биле предадени на полицијата без повреди, а подоцна биле приведени и пет личности кои учествувале во акцијата.
Од друга страна Фишер заврши во болница на интезивна нега. Поради своите повреди и психичките трауми тој престанал да шета кучиња.
Тој пред неколку дена објави како бара финансиска помош и отвори GoFundMe страница на која луѓе можат да му донираат пари.
Тој сака да собере 40 илјади долари како би можел да отиде на пат по Америка како би пронашол заедници кои би можеле да му помогнат да ги совлада траумите. За само неколку дена собрал повеќе од 28 илјади долари, но Лејди Гага се нема огласено и со тоа ги вознемири своите обожаватели.