Шоубиз
Фановите лути на Тејлор: По откажаните концерти, таа приреди забава за својот тим
Музичката ѕвезда Тејлор Свифт беше принудена да откаже три концерти во Виена поради терористички закани. Оттогаш, таа не објави ништо на социјалните мрежи, ниту се појави во јавноста, се до понеделникот вечерта кога беше фотографирана пред еден клуб во Лондон каде организирала приватна забава за својот тим.
Додека многу фанови беа воодушевени што повторно ја видоа својата омилена пејачка, илјадници други изразија разочарување што Тејлор сè уште не се изјаснила за откажаните концерти. Некои коментираа дека пејачката „чека да заврши истрагата“ и дека постапува според добиените упатства. Но, други не се согласија, споредувајќи ја ситуацијата со концертот на Аријана Гранде во Манчестер во 2017 година, кога се случи терористички напад.
„Разочарувачки е како таа и нејзиниот тим се справуваат со оваа ситуација“, „Од ѕвезда на годината до разочарување на годината“, „Таа може да прави што сака, но би било убаво да се сети на илјадниците фанови чии срца беа скршени“, се само дел од коментарите.
Тејлор Свифт треба да настапи на стадионот „Вембли“ од 15 до 20 август, пред да се врати во Северна Америка на последните шоуа од нејзината турнеја „The Eras Tour“, која стана концертна турнеја со најголема заработка на сите времиња.
„Нема индикации дека инцидентот што го истражуваат австриските власти ќе има некакво влијание врз претстојните настани овде во Лондон“, изјавил портпаролот на лондонската Метрополитен полиција.