Фановите на Кајли Џенер се сомневаат дека таа е повторно бременa
Ријалити sвездата и бизнисменка Кајли Џенер успешно ја криеше првата бременост од јавноста и медиумите до самото породување, а нејзините обожаватели мислат дека таа повторно се обидува го направи тоа.
Обожавателите на кланот Кардашијан истражувале и дошле до заклучок дека за роденденот таа објавила стари фотографии, бидејќи воочиле дека има различен маникир на неколку фотографии.
Една ТикТокерка снимила видео во кое објаснува зошто е сигурна дека Џенер ја крие бременоста. Имено, на една од фотографиите Кајли има зелени врвови на ноктите, а на оние каде што се гледа целата нејзина фигура, тие не изгледаат така.
Исто така на фановите ширум светот им е сомнително тоа што никој што наводно присуствувал на нејзината роденденска забава не споделил фотографија или видео од прославата, ниту семејството на Кајли, ниту пријателите.