Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Филмот на Тејлор Свифт заработи над 95 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето

Шоубиз

Филмот на Тејлор Свифт заработи над 95 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето

Концертниот филм на моментално најголемата поп ѕвезда во светот Тејлор Свифт, „Taylor Swift: The Eras Tour“, доминираше во северноамериканските кина за време на викендот.

Од продажбата на билети во САД и во Канада, во првиот викенд од прикажувањето филмот заработил помеѓу 95 и 97 милиони долари, според неделната проценка на кино дистрибутерот  AMC Theaters.

Најочекуваниот филм на годината постави рекорд за концертен филм, надминувајќи ги 29,5 милиони долари што „Justin Bieber: Never Say Never“ на Џастин Бибер ги заработи во првите три дена во 2011 година. Конечните податоци за заработката од викендот ќе бидат објавени дополнително. Доколку стојат сегашните проценки, филмот на Тејлор Свифт сепак нема да ги исполни оптималните проекции на аналитичарите на кино благајните.

Тие прогнозираа дека на домашниот пазар заработката за време на викендот ќе биде меѓу 100 и 140 милиони долари. Пејачката за време на премиерата рече дека додава уште датуми за филмот и рани проекции за да го задоволи интересот на публиката. Инаку, интересно е што филмот воопшто не е игран филм. Станува збор за снимка од нејзиниот концерт во Лос Анџелес, последен во американскиот дел од турнејата.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.