Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Фрајле“: По концерт во авион на 10 илјади метри, си фативме дечковци од Македонија

Шоубиз

„Фрајле“: По концерт во авион на 10 илјади метри, си фативме дечковци од Македонија

Новосадската група „Фрајле“ имаше настап во Скопје. Еднакво енергичен како и оној кога во авион на 10.000 метри ги кренале патниците на нозе, па тоа бил лет со луда забава и многу музика. „Фрајле“ ја сочинуваат четири девојки, кои се заедно 11 години на музичката сцена. Зад себе имаат свои хитови, но и преработки на популарни песни од познати музичари. Освен што привлекуваат внимание со изгледот, тие имаат и посебна харизма.

„Секогаш кога сме во Македонија сакаме да останеме уште малку подолго. Утрово појадувавме во Старата чаршија, а нè честеа и баклава. Овој пат дојдовме со автомобил, па сега багажникот ќе го наполниме со по една вреќа пиперки за да направиме ајвар дома“, открија девојките од „Фрајле“.

Името на групата е типично за Војводина и значи госпоѓици. Нивната музика ја сакаат сите, а Здравко Чолиќ често вели „Фрајле се во мода“. Му се допаднаа и на покојниот Оливер Драгоевиќ со кого наколкупати пееја на иста сцена.

https://www.youtube.com/watch?v=w8H3V5NGMCc&t=6s

Во времето на карантинот напишаа книга, раскажаа за бившите дечковци во Македонија, за првиот голем хонорар кога се посрамиле пред газдите на клубот, за анегдотите што ги имаат со Оливер, но и за Црногорците што им го грешат името…

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.