Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Ганс енд Роузес“ најавија голема турнеја во 2017 година

Шоубиз

„Ганс енд Роузес“ најавија голема турнеја во 2017 година

Американската хард рок група „Ганс енд Роузес“ најави дека следната година ќе организира концертна турнеја, во чии рамки ќе има и настапи во Европа, првпат по 23 години.

Групата во јануари ќе настапува во Јапонија, потоа на Нов Зеланд, Австалија, Сингапур и Обединетите Арапски Емирати, а во европскиот дел од турнејата почнува на 27 мај со концерт во Даблин.

„Ганси“ потоа ќе одржат концерти и во Париз, Стокхолм, Мадрид, Цирих, Минхен, Копенхаген и Прага, а најблизу до нас е настапот во Виена на 10 јули.

Фротменот на бендот Аксел Роуз, гитаристот Слеш и басистот Даф Мекаган во април годинава најавија враќање на сцената со настапите во Лас Вегас, на кои Роуз мораше да пее седејќи поради скршеница на стапалото.

Групата оваа година оддржа турнеја низ Северна и Јужна Америка, додека Роуз настапи и на неколку концерти со групата Еј-Си/Ди-Си, чии фронтмен Брајан Џонсон мораше да ја напушти турнејата поради проблеми со слухот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.