Георгина го изненади Роналдо со луксузен подарок за роденден
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо на 5 февруари го прослави својот 37-годишен подарок, а неговата вереничка Георгина Родригез му подготвила одлично изненадување.
Таа добро го познава својот маж и многу добро знае што најмногу сака Кристијано Роналдо. Имено, како што беше откриено во нејзината реалити серија на Нетфликс, нејзиниот вереник лудува по скапи автомобили, а во својата гаража има колекција вредна повеќе од 18 милиони фунти.
Убавицата одлучила да купи уште една луксузна играчка за својот сакан на неговиот 37-ми роденден за да ја додаде во нејзината колекција и му купила Cadillac Escalade со осум седишта, модел чија почетна цена е 150.000 фунти.
Таа на Инстаграм сподели видео од роденденското изненадување, а заедно со објавата, таа му посвети и нежна роденденска честитка.
– Среќен 37-ми роденден на љубовта на мојот живот. Те сакам бескрајно. Ти си најдобриот татко и најдобриот партнер со кого Бог можеше да ме спои. Ти си борец и ги заслужуваш сите убави нешта што ти се случуваат. Ти си совршенство и инспирација – напиша таа покрај видеото.
Таа за својат сакан подготвила и роденденска торта во форма на неговите иницијали и бројот седум, а Роналдо ја покажа на својот Инстаграм. Сепак, под знак прашалник е дали фудбалерот ја изел тортата бидејќи е познат по својата исклучително строга диета, а и самата Георгина во една прилика изјавила дека понекогаш едвај чека да си замине за таа и децата да јадат на мир.