Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Георгина Родригез: На работа одев со автобус, а се враќав со Бугатито на Роналдо

Шоубиз

Георгина Родригез: На работа одев со автобус, а се враќав со Бугатито на Роналдо

Георгина Родригез: На работа одев со автобус, а се враќав со Бугатито на Роналдо

Георгина Родригез (27), девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (36), наскоро ќе има свое ТВ шоу наречено „Soy Georgina“, во кое гледачите ќе видат како изгледа нејзиниот живот, но се повеќе детали се откриваат пред почетокот на емитување на Нетфликс.

Пред Георгина да биде во врска со Роналдо, таа работеше во Гучи во Мадрид, а нејзиното семејство не било во добра финансиска состојба.

– Од продажбата на луксузна облека, преминав на носење на црвениот тепих. Денес имам милиони следбеници и јас сум девојката на најследениот маж во светот – изјави таа во интервју за The Sun.

Рекла дека и било потребно време да се навикне на луксузниот живот, бидејќи не пораснала во богатство.

– На работа одев со автобус, а дома се враќав во Бугатито на Роналдо. Морав да се навикнам.

Како што вели, и требало половина година да научи да се движи низ вилата, бидејќи не можела да се сети каде е која соба.

– Понекогаш ми требаше половина час да се вратам од дневната соба бидејќи не го знаев патот.

Реалното шоу „Soy Georgina“ наскоро доаѓа на Нетфликс, а во меѓувреме, во разговор за „The Sun“, членовите на нејзиното семејство ја обвинија манекенката дека им го свртела грбот откако таа е со Роналдо.

– Можеби се срами од нас и мисли дека е подобра од нас затоа што не го живееме нејзиниот луксузен живот – рекол нејзиниот вујко Хесус Хернандез.

-Никогаш ништо не барав од неа. Таа ми се јави еднаш или двапати откако дознав дека се забавува со Роналдо. Јас бев задолжен да купувам облека за неа и нејзината сестра, да плаќам струја и вода. Направив сè, Георгина живееше со мене во тинејџерските денови кога мојот зет го вратија во Аргентина, истакна тој.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.