ГО УКРАДЕ ШОУТО: Карди Би на сцена го покажа трудничкото стомаче
Карди Би го украде шоуто на БЕТ наградите со објавувањето дека е бремена и дека го очекува второто дете со раперот Офсет.
28 годишната пејачка се појави на сцената заедно со групата Мигос како изненадување и го изведе нивниот хит „Type S**t“ во комбинезон со кристали и пресек на стомакот.
Таа исто така објави фотографија на својот Инстаграм каде што вели дека го чека второто дете.
Карди Би и Офсет се запознале на почетокот на 2017 година, а неколку месеци подоцна во септември 2017 тајно се венчале. Тие го добија првото дете во јули 2018.
Карди Би по последните месеци не се појавуваше често и со тоа ова објавување на бременоста навистина ги изненади сите.